• недела, 22 декември 2024

Марковска Илиевска: Владата има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје

Марковска Илиевска: Владата има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје

Скопје, 21 ноември 2024 

Почитувани,

Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот.

Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот.

Граѓаните со право се револтирани. Затоа што болниците се полни со пациенти како последица на загадениот воздух.

Во изминативе децении проблемот се напластувал, а решение имало многу малку. Ова особено е случај со последните седум години кога не е преземено ништо во однос на тоа.

Потребен е системски  пристап за намалување на загадувањето кој ќе вроди со плод на среден рок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.

Со изградбата на когенеративната централа во голема мера ќе се намали загадувањето, а со целосна гасификација и на индустриски објекти процентот на загаденост уште повеќе ќе се намали.

Владата во наредниот период планира и големи акции за пошумување и други мерки кои на долг рок ќе ја подобрат животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи и како одговорно се постапува со животната средина и намалувањето на загадувањето.

Со почит,

Прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан