• сабота, 14 септември 2024

Маркињос останува капитен на ПСЖ

Маркињос останува капитен на ПСЖ


Париз, 13 септември 2024 (МИА) – Фудбалерите на Пари Сен Жермен гласаа на почетокот на сезоната и потврдија дека сакаат бразилскиот интернационалец Маркињос да остане капитен на тимот, објави денеска весникот „Л’Екип“.
Изборот на Маркињос беше очекуван, а тоа денови го најави и тренерот Луис Енрике, кој, сепак, инсистираше играчите да го кажат последниот збор.
Заменици на Маркињос за капитенската лента ќе бидат Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума и Преснел Кимпембе. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан