• петок, 28 јуни 2024

Маркез: Верстапен е вистински убиец, имаме ист карактер

Маркез: Верстапен е вистински убиец, имаме ист карактер

Лондон, 27 декември 2023 (МИА) - Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој од Хонда се сели во Гресини, рече дека трикратниот шампион во Формула 1 од Ред Бул Макс Верстапен е сличен на него по менталитет. 

- Навистина ми се допаѓа Макс Верстапен. Главно затоа што е вистински „убиец“. За да победиш, да постигнеш успех, да бидеш херој, треба да бидеш убиец. Тоа значи дека се грижите само за една света цел - победа, и ништо повеќе. Како да се постигне целта, како да се победи е всушност неважно. Неговиот главен приоритет е победата, а во овој поглед имаме ист начин на размислување. Така што навистина ми се допаѓа, изјави Маркез. 

Верстапен е најдобар возач во Формула 1 во последните три години. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан