Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството
- Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела
![Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството](https://new.mia.mk/images/20221108165358_big_730x400_94.webp )
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава беа теми на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.
Маричиќ, како што соопшти Министерство за правда, на гостинката Матуела и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во ресорното министерство, а се во насока на реформа во правосудството.
На средбата дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата.
Маричиќ и Матуела разговарале и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информираше Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред и дека се очекува успешно да заврши. Досега се попишани над 1.100.000 граѓани. мд/са/
![Маричиќ-Матуела](/articles/images/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%87%d0%b8%d1%9c-%d0%bc%d0%b0%d1%82%d1%83%d0/ztCrrxo6d/placeholder.webp?use_watermark=0)