• недела, 22 декември 2024

Маричиќ – Копман: Владеењето на правото клучно за брз напредок во преговорите со ЕУ

Маричиќ – Копман: Владеењето на правото клучно за брз напредок во преговорите со ЕУ

Брисел, 26 јануари 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, кој укажа дека исполнувањето на реформите во Поглавјата 23 и 24 мора да остане во фокусот на работата на сите институции во земјава.

- Владеењето на правото да остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите со ЕУ. Судските реформи и владеењето на правото се од витално значење во Кластерот „Фундаментални вредности“ и на нив мораме да обрнеме посебно внимание особено во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Постојат отворени и реални можности за напредок на Северна Македонија кон ЕУ, за кои Копман изрази волја за помош и поддршка, наведе Маричиќ во објава на својот профил на Фејсбук.

Тој потенцира дека од страна на ЕУ е препознаено и оценето како видливо високото ниво на подготвеност и ентузијазмот кај македонските преговарачки групи, кои досега презентираа пред Европската комисија и треба да ја одржиме таа динамика.

- Со континуирана поддршка на Европската унија, остануваме посветена на спроведување на обемни политички и економски реформи кои произлегуваат од процесот на пристапување и кои ги очекуваат граѓаните, додава Маричиќ во објавата. сп/

Остани поврзан