• недела, 17 ноември 2024

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќна денешниот објаснувачки скрининг-состанок за „Функционирање на демократските институции“, во своето воведно обраќање рече дека ова е област која е од суштинска важност за секое демократско општество и дека ќе бара максимална посветеност на реформската агенда која ќе помогне да се забрза напредокот во оваа важна област.

- Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече Маричиќ.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ на состанокот истакна дека Северна Македонија има постигнато огромен напредок во последните години, особено во однос на владеењето на правото и враќањето на демократијата со градење силни и функционални институции кои работат на принципите на отчетност, транспарентност и инклузивност, со што успешно одговорила на назадувањето кое е нотирано и во последниот Извештај на Европската комисија.

- Во изминатите неколку изборни циклуси, покажавме способност да организираме фер и конкурентни избори како што беше потврдено од ОБСЕ/ОДИХРВо однос на изборната реформа беа направени неколку измени на Изборниот законик за да се адресираат препораките што чекаат од Извештаите за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, како и препораките и најдобрите практики на Венецијанската комисија, потенцираше Маричиќ додавајќи дека продолжувањето на изборната реформа е меѓу приоритетите како Влада, преку инклузивен и транспарентен да се донесе нов Изборен законик.

Вицепремиерот Маричиќ уште еднаш истакна пред претставниците на Европската комисија дека е важно во Северна Македонија да имаме национален консензус за пристапниот процес и опозицијата да игра конструктивна улога во исполнувањето на нашата стратешка цел за полноправно членство.

- Собранието ја подобри својата улога како примарен форум за конструктивен политички дијалог. Сите партии придонесоа за два успешни рунди на дијалогот Жан Моне со Европскиот парламент. Оваа соработка е високо ценета како и континуираната поддршка на нашите напори за натамошно зајакнување на улогата на Парламентот. Со усвојувањето на преговарачката структура, предвидуваме клучна улога на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, во процесот на усвојување на усогласената легислатива и организирање дебати и консултации за реформите поврзани со ЕУ, посочи Маричиќ.

Денеска се одржа објаснувачкиот скриниг-состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – Функционирање на демократските институции“, во рамките на кластерот „Темели“, која е основна вредност врз која функционира Европската Унија.

Утре ќе се одржи скрининг-состанок за Поглавје 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг-состаноци за Кластер 1, „Темели. нд/са/

Остани поврзан