• вторник, 05 ноември 2024

Маричиќ: Не импровизираме, нашите напори се валоризирани во Извештајот на ЕК

Маричиќ: Не импровизираме, нашите напори се валоризирани во Извештајот на ЕК
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Апсолутно се согласувам дека немаме време за импровизација и дека не импровизираме. Направивме големи напори кои се и валоризирани во Извештајот на ЕК. Преговорите ги тераме со високо сериозно присуство и професионалност и во Брисел и тука. Скрининзите течат веќе втор месец, а од 7 ноември почнува и билатералниот дел на скринингот. Така што, од наша страна нема никаква импровизација. Спроведувањето на законите е предизвик подолги години. Ние како Влада се обидуваме да ги спроведеме максимално неселективно. Секако дека има простор за подобрување. Секако дека има делови од законски рамки кои се спроведуваат селективно, но наша задача е секоја година да сме подобри и да ги исправаме овие грешки, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, коментирајќи ја изјавата на претседателот Пендаровски дека „има селективна имплементација на законите и дека не е веќе време за импровизација“. Во одговор на новинарско прашање по панелот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”, Маричиќ напомена дека кога би било се неселткивно и се без исклучок правилно, земјава веќе би била во ЕУ. -Затоа е овој процес важен - процесот на преговори и на влез во ЕУ, за да ги исправиме сите слабости кои ги имаме како систем и како држава и да бидеме членка на ЕУ со сите нишани, подвлече вицепремиерот. За Извешатјот од Европската комисија, Маричиќ повтори дека Владата го гледа како патоказ што државава треба да го следи за да ги поправи сите слабости. -Ги признаваме сите достигнувања и на нив сме горди, но ги признаваме и сите слабости. Овој Извештај го гледаме како патоказ, како водич за тоа што треба да правиме без никаков комплекс и задршки, за сите слабости да ги исправиме и наредниот да биде подобар, особено во клучните области, рече вицепремиерот Маричиќ. мч/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан