• сабота, 23 ноември 2024

Имаме политичка оправданост да ставиме европско знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите, вели Маричиќ

Имаме политичка оправданост да ставиме европско знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите, вели Маричиќ

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Од политички аспект имаме основа да ставиме европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д за да успееме да ги изградиме овие автопати и да ја комплетираме трансевропската мрежа на коридори во Северна Македонија, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. 

Маричиќ укажа дека се во редовна комуникација со Европската Унија и им објасниле зошто го прават тоа.

-Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека знаат оти овие закони не се усогласени со некое европско аки, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај. мс/ац/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан