• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза

Маричиќ: Европската Унија останува со нас во време на криза

Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералениот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија,  Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.

Како што соопшти СЕП, на состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.

-Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.

Одлична конструктивна средба  вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија.

На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ имаше состанок и со Александар Симурдиќ, директорот на Фондот за европски прашања на АП Војводина, на кој беше дискутирано за искуствата на Дрбија во процедот на евроинтеграции и за заедничките предизвици со кои се соочуваме во делот на јавната администрација и зголемување на нивото на искотистеност на европски средства.

Маричиќ и Симурдиќ потврдија дека за евроинтегративниот процес е најважно да се разбери неговата важност и да биде инклузивен процес, во кој секој ќе даде свој придонес.

Според искуствата на директорот Симурдиќ, локалните заедници ќе играат важна улога и ќе мора да се подготвени за новите програми и поддршка која ќе доаѓа од ЕУ и на најдобар начин да ја искористат за граѓаните час поскоро да ги почувствуваат бенефитите од преговорите и членството во Унијата. нд/

 

Остани поврзан