• петок, 08 ноември 2024

Маричиќ: Добивме уште еден охрабрувачки извештај од ГРЕКО, целосно или делумно исполнети 13 од вкупно 23 препораки

Маричиќ: Добивме уште еден охрабрувачки извештај од ГРЕКО, целосно или делумно исполнети 13 од вкупно 23 препораки
Скопје, 30 март 2021 (МИА) – Добивме уште еден охрабрувачки извештај од ГРЕКО, за исполнување на препораките од петтиот круг на евалуација, на тема превенција од корупција и промовирање интегритет на централната власт. Од вкупно 23 препораки Северна Македонија целосно или делумно имплементирала 13 препораки, останатите преостанува да се имплементираат до наредниот извештај, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Ова, посочи Маричиќ е втор последователен охрабрувачки извештај од ГРЕКО – телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во државите членки, што, нагласи тој, говори за континуитетот на владините антикорупциски политики. - Европското тело ја оцени како целосно имплементирана препораката за објавување на имињата и висината на хонорарите на советниците на Владата и министрите, како и фактот дека за сите постојни и идни советници се применува тестот за интегритет. Исто така, се поздравува тоа што се предвидени и веќе се применуваат санкции за непочитување на Кодексот од страна на највисоките носители на извршни функции. ГРЕКО потенцира дека Владата обезбедила значителни финансиски, материјални и човечки ресурси за работата на ДКСК, особено за развој на база на податоци и софтверски решенија, изјави Маричиќ на денешната прес-конференција. ДКСК, рече тој, работи по нов закон и зголемен буџет и има отворен простор да ја предводи борбата против корупцијата, заедно со Владата и правосудните органи. - Гледаме дека се отвораат предмети и постапки за лица, без разлика дали се дел од власта или опозицијата и без разлика на кое ниво на вршење на јавна функција се наоѓаат. Тоа е за поздравување и е единствениот начин суштински да се променат работите, пред се за доброто на граѓаните, истакна Маричиќ. ГРЕКО, исто така, е заодоволен и од изработката на практичен водич од ДКСК со јасни насоки од функционерите како да го идентификуваат евентуалниот конфликт на интерес во своите редови. - Согласно препораката на ГРЕКО, добро е што со измените на деловникот за работа на Владата се објавуваат и имињата на лицата кои учествуваат на владините седници, а не се членови на Владата. ГРЕКО, препорачува овие правила да се прошират и применуваат и за лица кои учествуват во одбори, комисии, стручни совети и слично, рече Маричиќ. Групата ГРЕКО, дава позитивен коментар и за измена на владината уредба за примање подароци и, посочи Маричиќ, останува подобро менаџирање и водење регистар на подароци од страна на сите функционери. Во делот на делумно или неимплементираните препораки, според Марчиќ, Владата се обврзува да работи на нивно исполнување до септември 2022 година. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан