• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: ВМРО ДПМНЕ мора да ги прифатат Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија

Маричиќ:  ВМРО ДПМНЕ мора да ги прифатат Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија
Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) -  Кога ВМРО ДПМНЕ зборува за решавање на проблеми со натпартиски интерес мора да знаат дека прво мора да ги прифатат Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, оти тоа е новата политичка реалност. Едно е сигурен факт, дека државата напредува во европските процеси кога СДСМ е на власт, истакна вечерва Бојан Маричиќ од СДСМ, владин советник за евроинтеграции, во емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат. -ВМРО ДПМНЕ го упропасти Секретаријатот за евроинтеграции, нивните министри, како Васко Наумовски и Ивица Боцевски ги викаа министри за дезинтеграции. Европската приказна за ВМРО ДПМНЕ е апстракција, додека за СДСМ е конкретна и сериозна политика. Сега имаме 2.5 милијарди евра на располагање. Очекуваме дека ќе отвориме повеќе поглавја со Европската Унија, ќе отвориме нови гранични премини, сето тоа ќе доведе до сериозен напредок кон Европа. Кога не водеше Груевски дојдовме до бездната, а го споменувам затоа што тој и натаму му е шеф на Мицкоски истакна Маричиќ. Тој се осврна и на значењето на Договорот со Бугарија, кој, како што рече, претставува важен документ за државата, но и за нејзините европски аспирации. -Договорот со Бугарија не е алатка на Бугарија за кочење на нашиот напредок, туку е одбрана на нашата држава од барања на другите, вклучително и Бугарија. ВМРО ДПМНЕ сака да толкува делови од договорот кои всушност ги нема во договорот, како што е на пример, македонскиот јазик. Па договорот е потпишан и на македонски јазик и ставен е потпис на таквиот договор од страна на бугарските власти. ВМРО-ДПМНЕ стоеше на страна кога преговаравме со Бугарија, истакна Маричиќ. Нагласи дека во сите меѓународни организации е признат македонскиот јазик и дека ние говориме македонски јазик и тоа е решено во сите меѓународни организации, и дека Бугарија го знае тоа. бк/

Остани поврзан