• вторник, 14 мај 2024

Марио, кој освои бронзен медал на специјалните олимписки игри во Берлин почна со работа во општина Бутел

Марио, кој освои бронзен медал на специјалните олимписки игри во Берлин почна со работа во општина Бутел

Скопје, 19 јули 2023 


Денес е еден од поубавите денови и посебно сум среќен што Марио е дел од мојот тим.
 Големата желба на Марио која ми ја посочи во неговиот дом, а тоа е да работи со спорт, од денес е реалност.
Марио е наш колега и ќе работи во одделението за јавни дејности во делот на спорт и спортски настани.
  Марио е најпозитивно и најмило дете што го имам запознаено и уште на првата средба ме освои со неговата харизма. Тој е јасен пример дека спортот го разубавува животот.
  Марио е момче со големо срце. Упорноста и неговото храбро срце буткаат големи препреки, ја прават Македонија горда и директно допринесуваат Општина Бутел да остане најспортска општина во државата.
ЈУНАК   

Општина Бутел 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан