• петок, 22 ноември 2024

Марин Ле Пен ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат

Марин Ле Пен ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат

 

Париз, 10 април 2022 (МИА) - Марин Ле Пен, кандидатката на Националниот собир-крајно десничарска партија, повторно се најде во вториот круг на претседателските избори, наспроти Емануел Макрон. Таа ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат, јави дописникот на МИА.

-Французите ми ја прават честа да се квалификувам во вториот круг. На гласачите им изразувам најискрена благодарност. Гледам надеж дека силите за закрепнување на земјата се зголемуваат. Сите оние кои денеска не гласаа за Емануел Макрон се повикани да се придружат на нашиот собор, изјави Марин Ле Пен по најавата за присуство во вториот круг.

-Вашиот глас зависи од местото што сакаме да им го дадеме на парите во нашето општество (...) или од можноста за добро здравје да дојдеме до пензионирање, изјави таа. „Ќе обезбедам национална независност, ќе ја контролирам имиграцијата и ќе ја вратам безбедноста за сите“.

-Со сериозност имам намера без одлагање да ги решам повеќекратните фрактури, социјални, територијални, институционални. Франција ќе ја средам за пет години. Надвор од ова неопходно закрепнување, мојот проект носи демократска амбиција, со народниот референдум, економска и еколошка амбиција, истакна таа пропратена со викотница на нејзините активисти, кои прокламираат „Одиме да победиме“.

-Социјална амбиција со здравствен систем достапен за секого насекаде, пристојно домување (...), продолжи таа. „Конечно, суверена амбиција, со заштитна и праведна држава која ги гарантира слободите на сите. Мојата амбиција е да ги обединам Французите и да ја направам Франција земја која повторно се поврзува со величина.

-Ги повикувам Французите од било кое потекло да се придружат на овој народен собир (...) за да ја водат оваа земја во третиот милениум, заврши таа.тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан