• понеделник, 12 јануари 2026

Маренец тешко повреден во фабрика во Кавадарци 

Маренец тешко повреден во фабрика во Кавадарци 

Кавадарци, 3 јануари 2026 (МИА) - Жител на кавадаречкото село Марена се здобил со тешка телесна повреда во фабрика во Кавадарци.

Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес, вчера во 11 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен З.А., на возраст од 59 години. 

- Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот известен бил трудов инспектор, појаснија од СВР - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан