• понеделник, 23 декември 2024

Манчини, Тухел и Гвардиола се номинирани за наградата Тренер на годината од ФИФА

Манчини, Тухел и Гвардиола се номинирани за наградата Тренер на годината од ФИФА
Цирих, 6 јануари 2022 (МИА) - Објавени се финалистите за најдобар тренер на ФИФА за 2021 година. За „Најдобар“ номинирани се Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Роберто Манчини (Италија) и Томас Тухел (Челзи). Манчини го освои Евро 2020 со Италија, Тухел ја освои Лигата на шампионите со Челзи, а Гвардиола ја освои Премиер лигата со Манчестер сити и стигна до финалето на Лигата на шампионите. Свечената церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи на 17 јануари во Цирих. зс/

Остани поврзан