Манчини подготвен да ја предводи Италија
- Тренерот на Ал-Сад, Роберто Манчини, е подготвен да се врати во италијанската репрезентација, објавија италијанските медиуми.
Рим, 4 април 2026 (МИА) – Тренерот на Ал-Сад, Роберто Манчини, е подготвен да се врати во италијанската репрезентација, објавија италијанските медиуми.
Се забележува дека раскинувањето на неговиот договор со катарскиот тим нема да биде проблем.
Манчини ја тренираше италијанската репрезентација од 2018 до 2023 година.
Тој работеше и со репрезентацијата на Саудиска Арабија, Зенит, Интер, Галатасарај, Манчестер сити, Лацио и Фиорентина.
На крајот на март, италијанската фудбалска репрезентација не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2026 година, губејќи на пенали од Босна и Херцеговина во плејофот. По ова селекторот Џенаро Гатузо поднесе оставка.
За селекторската позиција во италијанските медиуми се спомнуваат уште двајца кандидати, Масимилијано Алегри и Антонио Конте. зс/
Фото: ЕПА