• петок, 05 декември 2025

Манчестер јунајтед ќе заработи 150 милиони фунти од четири трансфери

Манчестер јунајтед ќе заработи 150 милиони фунти од четири трансфери

Манчестер, 23 мај 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед се очекува да заработи околу 150 милиони фунти од потенцијалната продажба на Маркус Рашфорд, Ентони, Џејдон Санчо и Алехандро Гарначо ова лето, објави „Телеграф“.

Според британскиот весник Манчестер јунајтед би можел да заработи 90 милиони фунти од договорите со Рашфорд, Ентони и Санчо. 

Во исто време, клубот е подготвен да разгледа понуди за продажба на Гарначо доколку достигнат 60 милиони фунти. 

Се забележува дека Челзи и Наполи, кои беа заинтересирани за него во јануари минатата година, може повторно да покажат интерес за аргентинскиот фудбалер.

Рашфорд, Ентони и Санчо моментално се на позајмица во други клубови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан