• недела, 30 јуни 2024

Манчестер јунајтед му нуди договор на Кавани од 250 илјади фунти неделно

Манчестер јунајтед му нуди договор на Кавани од 250 илјади фунти неделно
Лондон, 9 мај 2021 (МИА) - Манчестер јунајтед има намера да го задржи напаѓачот Единсон Кавани во своите редови и по истекот на актуелниот договор. Според „Сан“, Јунајтед на 34-годишниот Уругваец му нудат нов договор со плата од 250 илјади фунти неделно. Сегашниот договор на фудбалер важи до крајот на сезоната 2020/21. Кавани се приклучи на Манчестер јунајтед во октомври 2020 година како слободен играч. Оваа сезона, напаѓачот има одиграно 34 натпревари за тимот, постигнато 14 голови и остварени пет асистенции. зс/

Остани поврзан