• четврток, 19 декември 2024

Манчестер јунајтед лани во загуба од 115.5 милиони фунти 

Манчестер јунајтед лани во загуба од 115.5 милиони фунти 

Лондон, 22 септември 2022 (МИА) – Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед соопшти денеска дека остварил нето загуба од 115.5 милиони фунти во минатата сезона, иако приходите се зголемени за 18 отсто на 583.2 милиони фунти. 

Финансискиот извештај покажува дека загубата во однос на минатата година е зголемена за 23.3 милиони фунти. 

Клупскиот долг, исто така, пораснал од 419.5 милиони фунти минатата година на 514.9 милиони фунти оваа година. 

исијата на нашиот клуб е да победуваме во фудбалските натпревари и да им нудиме забава на нашите навивачи, изјави директорот на клубот Ричард Арнолд. ег/паг/ 

Остани поврзан