• петок, 28 јуни 2024

Манчестер Јунајтед инсталира 1.500 метални бариери на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед инсталира 1.500 метални бариери на „Олд Трафорд“
Манчестер, 29 април 2020 (МИА) - Англискиот гигант Манчестер Јунајтед доби дозвола од локалната општина да инсталира 1.500 бариери во посебен сектор на „Олд Трафорд“, потврди англискиот клуб. Минатата година управата на „црвените ѓаволи“ ја презеде организацијата за реновирање на дел од својот клупски стадион, што ќе биде специјално наменет за фановите кои ќе стојат. Малиот и посебен сектор се наоѓа на северо-источниот дел на „Олд Трафорд“. Металните бариери ќе помогнат во безбедноста на навивачите за време на натпреварите. Со години раководството на Јунајтед следи на кои делови од стадионот навивачите почесто се на нозе за време на натпреварите.

Остани поврзан