• сабота, 31 август 2024

Манчестер јунајтед бара играчи за сите позиции

Манчестер јунајтед бара играчи за сите позиции

Манчестер, 27 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг кажа што мисли за составот на тимот за претстојната сезона во Премиер лигата.

- Бараме играчи за сите позиции. Ни треба одреден план за да бидеме сигурни во балансот на нашиот состав, го цитира Холанѓанецот инсајдерот Фабрицио Романо.

Минатата сезона клубот го зазеде осмото место во табелата во Премиер лигата.

Сезоната 2024/25 во Премиер лигата започнува на 16 август со натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан