• недела, 22 декември 2024

Манчестер сити ќе потроши 300 милиони фунти за реновирање на арената

Манчестер сити ќе потроши 300 милиони фунти за реновирање на арената

Манчестер, 30 март 2023 (МИА) - Манчестер сити ќе потроши 300 милиони фунти (342 милиони евра) за реновирање на стадионот „Етихад“, пишува „Дејли мејл“.

 

Според британскиот весник, реконструкцијата на арената ќе ја зафати северната трибина која е планирано да се зголеми за 7,7 илјади седишта. Вкупниот капацитет на стадионот ќе порасне на 61.000 гледачи.

 

Покрај тоа, Манчестер сити планира да изгради нов хотел, јавен простор за навивачите, клупска продавница и музеј на територијата во непосредна близина на арената. Вкупната инвестиција би можела да достигне милијарда фунти.

 

Во моментов раководството на Манчестер сити преговара со градските власти за добивање градежна дозвола. Доколку биде одобрено од властите, градежните работи може да започнат во ноември, реконструкцијата на штандот се планира да заврши до почетокот на сезоната 2025/26, а други работи за една година.

 

Стадионот „Етихад“ беше отворен во 2002 година. Арената може да прими 53,4 илјади гледачи. Тој е четврти по големина стадион во Премиер лигата и осми во Велика Британија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан