Манчестер сити сака да го ангажира Рајдерс пред Светското клупско првенство
- Напаѓачот на Милан, Тијани Рајндерс може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити.
Милано, 4 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Тијани Рајндерс може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити.
Според „Football Italia“, страните се блиску до склучување договор.
Англискиот клуб се надева дека ќе го ангажира 26-годишниот холандски фудбалер пред почетокот на Светското клупско првенство кое ќе започне на 14 јуни.
Рајндерс минатата сезона одигра 54 натпревари, постигна 15 голови и пет асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА