Манчестер сити може да плати 60 милиони евра за Ларсон
- Манчестер сити влезе во трката за играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Ларсон, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Манчестер, 29 март 2025 (МИА) - Манчестер сити влезе во трката за играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Ларсон, објави новинарот Флоријан Плетенберг.
Според Плетенберг, за фудбалерот се заинтересирани и Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.
Од продажбата на 20-годишниот Швеѓанец бундеслигашот очекува да заработи најмалку 60 милиони евра.
Ларсон настапува за германскиот клуб од летото 2023. Сезонава одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и една асистенција.
Трансфермаркт неговата пазарна вредност ја проценува на 40 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА