• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер сити и Севилја ќе играат за Суперкупот на УЕФА

Манчестер сити и Севилја ќе играат за Суперкупот на УЕФА

Атина, 16 август 2023 (МИА) - Манчестер сити ќе се соочи со Севилја во Атина во натпреварот од Суперкупот на Европа.

 

Првично беше планирано натпреварот да се одржи во Казан, Русија, но во јануари беше преместен во Грција.

 

Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, додека Севилја победи во Лигата на Европа.

 

Шпанскиот клуб ќе игра за трофејот по седми пат во историјата (има една победа - во 2006 година), додека англискиот тим за прв пат е учесник во Суперкупот. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан