• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер Сити го сака Рејндерс во своите редови

Манчестер Сити го сака Рејндерс во своите редови

Манчестер, 21 март 2025 (МИА) - Манчестер Сити планира да го ангажира 26-годишниот играч од средниот ред на Милан, Тијани Рејндерс во текот на летниот преоден рок, пренесе „Тимток“.

Според изворот, Рејндерс е една од главните мети на „граѓаните“ во лето. Манчестер Сити е подготвен да плати до 60 милиони евра за играчот.

Оваа сезона Рејндерс настапи на 42 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 4 асистенции. 

Неговиот договор со Милан е до летото 2030 година. Пазарната вредност на играчот според „Трансфермаркт“ е 50 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан