• понеделник, 23 декември 2024

Манчевски за справувањето со економските последици предизвикани од пандемијата со коронавирусот

Манчевски за справувањето со економските последици предизвикани од пандемијата со коронавирусот
Скопје, 16 јуни 2020

Според прогнозите на меѓународните финансиски институции, по кризата со коронавирусот, БДП ќе забележи најмал пад во нашата земја, од земјите од регионот, од одвај 3 проценти, што се должи пред се на мерките што ги презеде оваа влада за ублажување на импактот од кризата, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Тој додаде дека СДСМ покажа дека може, кога ја наследи економијата од ВМРО-ДПМНЕ со пад од 1,8 отсто и по 2,5 години имавме раст од 3,6 проценти.

Социјалдемократска мерка е дека им помогнавме на фирмите и на работниците со 14.500 денари плата, им помагаме на компаниите со бескаматни кредити, социјалдемократска мерка е дека ги укинавме извршителите, ги одложивме ратите на кредитите, со дополнителни финансиски средства ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и ги помагаме домашните производи, домашниот туризам, нагласи Манчевски.

Потпретседателот Манчевски рече дека опозицијата е контрадикторна, од една страна бара да не се задолжуваме, а од друга страна бара да имаме повеќе пари и критикува дека мерките не се доволни.

Од ВМРО-ДПМНЕ зборувате како да се наоѓате во некоја чудесна земја, а заборавате дека светот се соочува со рекордна рецесија, најголема по втората светска војна и голема безработица и ние не сме имуни на тоа, но според меѓународните финансиски институции ќе имаме најмал пад на економијата во регионот, порача Манчевски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан