• недела, 22 декември 2024

Манифестација „Различностите не зближуваат“ во организација на Агенција за остварување на правата на заедниците

Манифестација „Различностите не зближуваат“ во организација на Агенција за остварување на правата на заедниците

Скопје, 11 декември 2024

Aгенцијата за остварување на правата на заедниците по повод 10.декември денот на човековите права организираше пригодна Мултикултурна манифестација под назив „Различностите не зближуваат“. Манифестацијата беше одржана во Културно Информативен Центар Скопје (салон 1919), збогатена со културно-уметничка прогрма на која учествуваа претставници од сите еднички заедници кои живеат во Република Северна Македонија.

Човековите права се темел на нашето општество. Тие не се само концепт, туку реална обврска за сите нас, бидејќи ни овозможуваат да живееме во мир, соработка и хармонија. Македонија е земја која се гордее со својот мултикултурализам, и тој претставува мост кој ги поврзува сите заедници во заедничка цел – создавање на општество каде што секој ќе се чувствува вреднуван и заштитен.

Претставник од Албанската заедница беше младата уметничка Елма Емрулаи, од турската заедницта Куд “Јени Јол“, од ромската заедница книжевничките Мирдита и Дијана Салиу, од српската заедница Куд „Српски вез“; од бошљачката заедници Куд “Љиљан“, од влашката заедница познатиот бенд Бона Деа, и македонскиот народ го претстави познатата солистка Лидија Кочовска.

На манифестацијата учествуваа високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и членови на дипломатскиот кор во земјата:

Заменик министер за односи меѓу заедниците г-дин Неџдет Мустафа, Амбасадорката на Р. Србија во Македонија Н.Е. Невена Јовановиќ, Амбасадорката на Р. Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ, Заменик на Јапонскиот Амбасадор во Р.С.Македонија Претставнци на Мисијата на Европската Унија во Македонија, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје г-дин Умер Ел Хастиб. Претставник на Турската Амбасада во Скопје Г-дин Џунејт Талха Оздилек, Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на зедниците г-дин Мирослав Тричковиќ, Директорот на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците г-дин Исмаил Демировиќ, Директорот на Инспекторатотна употреба на јазиците г-дин Арсим Идризи.

 Агенција за остварување на правата на заедниците

________________________________________________________________________________________ 

 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Агенција за остварување на правата на заедниците

Остани поврзан