• петок, 20 март 2026

Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија

Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија
Скопје, 2 јули 2022 (МИА) - Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби. На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т'га за југ,  ќе има и ученици од 5- то до 9-то одделение од основните училишта од повеќе градови. дма/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан