• среда, 17 јули 2024

Манифестација „Вевчанско лето“

Манифестација „Вевчанско лето“
Вевчани, 14 јули 2022 (МИА) - Во организација на здружението „Вевчани турист инфо“ од 15 јули до 31 август во Вевчани ќе се одржи манифестацијата „Вевчанско лето“. Целта, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, е да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период. Манифестацијата ќе почне утревечер со изведба на монодрамата „Кармен“, од Мигел Делибес, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Биљана Драгиќевиќ - Пројковска. Во наредниот период, предвидени се изложби, театарски претстави, музички настапи.... - „Вевчанското лето“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања. Манифестацијата ќе се одржува на повеќе локации низ Вевчани, истакна Кочовски. Настанот ќе се одржува под покровителство на Општина Вевчани, во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година. сс/сп/

Остани поврзан