• недела, 21 јули 2024

Манифестација „Бабина баница“ во каменичкото село Цера

Манифестација „Бабина баница“ во каменичкото село Цера

Македонска Каменица, 11 јуни 2023 (МИА) - Пензионери од повеќе градови денеска во Македонска Каменица ќе се натпреваруваат во месење, сукање и печење баница на стар традиционален начин под вршник.

Настанот ќе се одржи во каменичкото село Цера, кај манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во рамки на 10-тото издание на манифестацијата „Бабина баница“.

Настанот и годинава го организира Здружението на пензионери од Македонска Каменица како единствена манифестација која претставува дружење на отворено во прегратките на манастирот „Покров на Пресвета Богордица“.

Во рамки на „Бабина Баница 2023“ освен натпреварот во сукање и месење баница, предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Манифестацијата, на која се очекува да присуствуваат околу 2000 гости, се реализира во соработка со Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица. вс/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан