• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: СДСМ нема понуда и се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека во Струмица 

Манасиевски: СДСМ нема понуда и се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека во Струмица 

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - СДСМ нема понуда и се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека во Струмица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, од прес-конференција на Валентин Манасиевски, што МИА го објавува интегрално.

СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори.

СДС не да нема понуда, туку се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека на 19ти октомври во Струмица. 

СДС се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и се плашат од тоа. 

СДС во Струмица шири страв и паника меѓу жителите, затоа што крајот на нивното владеење се ближи.

Во недостиг на квалитетни кадри, тие нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии. 

Да се потсетиме на видеото, каде што кандидатите за советници на СДС во Струмица крвнички тепаат туристи. 

Ова не смее да биде повеќе сликата за Струмица. За вакви насилници не смее да има место во Струмица.

На народот во Струмица му е доста од локални шерифи и тепачи. Струмичани сакаат вистински промени!

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан