Манасиевски: Раководството на Левица го покажа вистинското лице, над два милиони денари ставиле во џеб
- Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб. Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на членот на ЦК Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 24 септември 2025
Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб. Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на членот на ЦК Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари.
Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивале раководството на Левица, ги добивале затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци?
Вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго.
Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ