• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава.

Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев.

Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС.

Очигледно е дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.

Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=5s1rPd1wRsk
https://www.swisstransfer.com/d/5c197231-6652-4998-ab4c-195e384a2391

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан