• недела, 22 декември 2024

Мал пад на подршката за АфД, но екстремно десничарката партија и натаму е втора во анкетите

Мал пад на подршката за АфД, но екстремно десничарката партија и натаму е втора во анкетите

Берлин, 23 јануари 2024 (МИА) – Има благо опаѓање на поддршката на Германците за Алтернатива за Германија (АфД), но оваа екстремно десничарска партија останува втора по популарноста, покажуваат резултатите од двете последни истражувања на јавното мнение што беа денеска објавени. 

По 10 дена протести низ целата земја против оваа екстремно десничарска партија, поради нејзиниот наводен план за масовно депортирање мигранти, АфД останува цврсто на второто место зад Христијанско-демократската унија (ЦДУ), покажуваат резултатите од анкетите. 

Поддршката за АфД падна за два отсто на 20 отсто во анкетата на Форса, што е најниско ниво на поддршка за партијата во последните четири месеци, објавуваат британските медиуми.

Партијата остана втора по популарност зад опозициските конзервативци, кои имаат поддршка од 31 отсто, но сепак е далеку пред сите три партии во левиот центар на коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кои заедно имаат поддршка од 32 отсто. 

Поддршката за АфД неделава е падната за 1,5 отсто, на 21,5 отсто, и во анкетата на германскиот Институт за нови социјални одговори (ИНСА), зад конзервативците со 30,5 отсто и владејачката коалиција со 31 отсто поддршка. 

-Демонстрациите против АфД ги поддржуваат 37 отсто од Германците, изјави шефот на ИНСА, Херман Бинкерт. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан