• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Малолетник се здобил со тешки повреди од струен удар при кражба на жица од трафостаница

Малолетник се здобил со тешки повреди од струен удар при кражба на жица од трафостаница
Скопје, 23 август 2021 (МИА) - Од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера во 12:15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од струен удар бил донесен малолетник од Скопје. Како што соопшти МВР, според пријавеното, на улица „Скупи“ тој се обидел да земе жици од трафостаница. Се работи на расчистување на случајот. вг/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан