• вторник, 24 декември 2024

Малку се користат е-услугите, потребни се едукација и доверба

Малку се користат е-услугите, потребни се едукација и доверба
Прилеп, 3 мај 2021 (МИА) - Невладината „Агтис“ ќе спроведува проект за едукација и пристапност до повеќе електронски услуги од институциите во земјава. Според Благица Цветкоска од невладината организација „Агтис“, иако цело време се зборува да се описмениме дигитално, да се користат е-услугите и банкарските картички за да се избегнат навалиците на шалтерите, сепак кај граѓаните сѐ уште е голема недовербата во повеќето институции и не се информирани и едуцирани. Треба да има поголема кампања за граѓаните да се запознаат со тие услуги. И на локално ниво се малку тие услуги што се нудат. На националниот портал се регистрирани само 1,5 насто од населението. - На националниот портал е-услуги е претставено кои институции и кои е-услуги ги нудат во државава. Во моментов се достапни 789 услуги, од кои 151 се електронска услуга. Имаме 1288 јавни институции кои објавувата податоци на овој портал, има 11 996 поднесени барања. Последниов месец се 817 поднесени барања за електронски услуги. Досегашните истражувања покажаа дека само 1,5 насто од населението се регистрирал на овој портал е-услуги, што е многу малку за една година и половина откако е порталот. Граѓаните, едноставно, не се доволно информирани за постоењето на овој портал. Висок е процентот на граѓаните кои не веруваат дека ќе ја добијат услугата. Ние сме далеку од тоа да користиме е-услуги, нагласува Цветковска. Таа како пример ја посочува Естонија која има 1,3 милиона жители, а преку 90 отсто од услугите на институциите се електронски и може без проблем да се добијат. - Малку се е-услугите што се нудат и на локално ниво. Според податоците кои ги имаме целосни електронски услуги кои ги има се: е-даноци, гис-порталот, запознавање со катастарски парцели на ДУП. Работи системот за пријави проблем, за кратко и електронски. Инаку, само 0,89 насто од вкупните кликови на порталот на локалната самоуправа се за е-услуги. Има наведено е-услуги но само да се испечати некој документ, објаснува Цветкоска. Оние што користат е-услуги најмногу користат за уверение од матичната евиденција за стаж, за лични документи - пасош, лична карта, изводи и најбарана е-услуга е за дозвола за движење при ограничувањата. - Најново, електронска услуга се бара за упис на првачињата. Поради тоа што во последно време многу повеќе се говори за електронските услуги и веднаш се зголемија активностиет ан порталот. Едноставен е за користење. Ги охрабруваме и граѓаните да користат повеќе е-услуги, а институциите повеќето услуги да ги направат електронски и да бидат електронски и да бидат едноставни. Само така граѓаните ќе се охрабрат да ги користат, вели Цветкоска. Невладината „Актис“ ќе почне со едукација на граѓаните преку три центри. - Со проектот „е-услуга како самопослуга“ ќе ги едуцираме жителите на Прилеп и на Долнени какви и кои е-услуги им се достапни, како да ги користат. Ќе работиме во три центри: физички центар и граѓаните може да дојдат во просториите да им објаснеме и да ги едуцираме како да ги користат е-услугите. Преку он-лајн центарот, односно преку нашата платформа ќе се испорачуваат објаснувањата, ќе има видео-материјали, туторијали, а и преку акрикатура сликовите ќе им го објаснуваме процесот на граѓаните и преку третиот, мобилниот центар кој ќе функционира од идниот месец. замислено е да биде на отворно, поради ситуацијата со пандемијата. Тројца едукатори ќе одат во населените места и со помош на лап-топ, со директна комуникација да им пренесат на жителите како изгледа една услуга и како може да ја искористат, вели Цветкоска. Проектот е финансиран од ЕУ за зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда, спроведуван од фондацијата „Метаморфозис“ и шест партнерски земји од Балканот. ем/сп/

Остани поврзан