• сабота, 23 ноември 2024

Мали инциденти при празнење на бегалски камп во Атина

Мали инциденти при празнење на бегалски камп во Атина
Атина, 18 август 2022 (МИА) - Мали инциденти се случија рано утрово во бегалскиот камп Елеонас во општина Атина, во обидот да се испразни и да се затвори центарот, а бегалците и мигрантите да бидат префрлени во други кампови, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, процесот на празнење започнал околу четири часот утрово,  под силно полициско присуство, помала група во знак на поддршка и солидарност за бегалците одржала протест, а се случиле и мали инициденти. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис преку Твитер коменитираше дека „за жал мала група бегалци и солидарни лица се обидува да го поткопа префрлувањето“. Тој објасни дека во соработка со општина Атина кампот се празни, бидејќи напредува надградбата на конкретната област и бидејќи има слободни места во другите центри. Пред неколку месеци Митаракис го најави затворањето на кампот, а во изминатиот период се одржаа протести од Невладини организации и здруженија кои ги поддржуваат бегалците и се против конкретната одлука. ср/ми/

Остани поврзан