Маленко избран во Управниот одбор на ЛЕН
- Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ) соопшти дека претседателот Александар Маленко стана член на Управниот одбор на Европската пливачка асоцијација.
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ) соопшти дека претседателот Александар Маленко стана член на Управниот одбор на Европската пливачка асоцијација.
- За првпат во нашата спортска историја како држава, имаме наш претставник кој е избран во Управен Одбор на Европска Пливачка Федерација – ЛЕН, објави ПФСМ.
Од федерација во прилог го приложија официјалното писмо од Европска Пливачка Федерација- ЛЕН и Претседател Паоло Барели. зс/