• понеделник, 20 мај 2024

Малдини по пласманот во ЛШ: Милан во ниту еден момент не се сомневаше во квалитетите на Пиоли

Малдини по пласманот во ЛШ: Милан во ниту еден момент не се сомневаше во квалитетите на Пиоли
Милано, 24 мај 2021 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини зборуваше за влезот на тимот во Лигата на шампионите на крајот на сезоната 2020/21. - Не мислам дека некој може да каже дека не сме заслужиле таков резултат. Особено гледајќи го начинот на кој се боревме цела сезона. Ние сме најмладиот тим во највисоката дивизија на Италија. Играчите и тренерите завршија неверојатна работа. Никогаш не се сомневавме во квалитетите на Пиоли. Да не заборавиме од каде започнавме - загубивме со резултат 0:5 во Бергамо, каде синоќа победивме, изјави Малдини. Во последното коло од сезоната 2020/21 во Серија А, „росонерите“ ја победија Аталанта со 2:0 и го зазедоа второто место. Покрај Милан во ЛШ ќе играат и шампионот Интер, третопласираната Аталанта и четвртиот на табелата, тимот на Јувентус. зс/

Остани поврзан