• понеделник, 20 мај 2024

Малдини: Кога Милан повикува, играчите од целиот свет почнуваат да сонуваат, ние сме еден од трите најуспешни клубови во светот

Малдини: Кога Милан повикува, играчите од целиот свет почнуваат да сонуваат, ние сме еден од трите најуспешни клубови во светот
Милано, 11 март 2021 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини го сподели своето мислење за моменталната состојба на клубот. - Морам да кажам дека сега најдовме рамнотежа. Милан ја намали просечната возраст на своите играчи, тие се најмладиот тим во Италија, еден од најмладите во Европа. Патеката е поставена. Ова бараше да се биде внимателен да не се купуваат играчи само затоа што тие беа млади. Треба да имате поискусни играчи кои ќе ги водат младите. Ова се основите. Милан не успеа да влезе во Лигата на шампионите веќе осум години, но кога Милан се јавува, играчите ширум светот почнуваат да сонуваат за тоа. Се разбира, гледаме кон иднината, но минатото мора да се почитува, важно е, истакна Малдини. Кога си Милан и ти повикуваш играч.... Ние сме еден од трите најуспешни клубови во светот. Ние секогаш мора да го имаме ова предвид, потенцира Малдини. По 26 кола во Серија А, тимот на Милан е втор на табелата со 56 бода, шест помалку од лидерот Интер. зс/

Остани поврзан