• понеделник, 23 декември 2024

Мала западна германска држава прва излегува од националното „заклучување“

Мала западна германска држава прва излегува од националното „заклучување“
Трир, 6 април 2021 (МИА) – Малата западно германска држава Сар стана првата од 16-те покраини во Германија што излезе од заклучувањето воведено во целата земја, а локалните власти истакнаа дека релативно ниската стапка на зараза и обемното тестирање го оправдуваат потегот. Рестораните, кината, театрите, спортските сали и некои други јавни места од денеска се повторно отворени за посетители кои можат да покажат негативен резултат од брз антиген тест не постар од 24 часа. Групи од 10 лица со негативни тестови ќе можат да се соберат на отворено. - После една година во пандемија, треба да мислиме на повеќе од само затворање и ограничувања, рече премиерот на Сар, Тобијас Ханс, додавајќи дека „ниту една зараза со коронавирус нема да остане нерегистрирана“. Во споредба со националното ниво, стапката на зараза во Сар е мала. Седумдневната инциденца во покраината на нови заразени на 100.000 жители останува постојано под 100. Во неделата, метричката вредност изнесуваше 88,2. јт/

Остани поврзан