• петок, 22 ноември 2024

Мала е веројатноста вакцинирано лице да го шири Ковид-19

Мала е веројатноста вакцинирано лице да го шири Ковид-19
Вашингтон, 1 април 2021 (МИА) - Експертите тврдат дека е мал ризикот вакцинирани лица против Ковид-19 да го шират вирусот. Студиите покажуваат дека ако луѓето се заразат и покрај вакцинацијата, тие носат помалку Ковид-19 во носот отколку невакцинираните, со што е отежнато ширењето на вирусот. - Вакцинираната личност подобро го контролира вирусот, така што шансите за пренесување ќе бидат многу намалени, изјави експертот за вируси на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, д-р Роберт Гало. Експертите препорачуваат и вакцинираните лица треба да продолжат да носат маски, да одржуваат социјална дистанца на јавни места и при посета на невакцинирани лица. - Сè уште треба да бидеме внимателни. Вакцината е неопходна. Но, таа не е лек што утре ќе стави крај на епидемијата, посочи д-р Гало. И други фактори, исто така, можат да влијаат на веројатноста вакцинирана личност да го шири вирусот, вклучително и стапките на вакцинација во заедницата и дали има постојан раст на новозаболени во средината. - Ние сакаме да мислиме дека е сè или ништо, но тоа е многу специфично за секоја ситуација, истакна д-р Лараин Лин Вашер од Универзитетот во Мичиген. ми/

Остани поврзан