• понеделник, 23 декември 2024

„Макстил“: Емисиите на цврсти честички далеку под граничните емисиони вредности

„Макстил“: Емисиите на цврсти честички далеку под граничните емисиони вредности
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Емисионите вредности на цврсти честички од „Макстил“ се далеку под граничните емисиони вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, информира денеска компанијата. - Ова го потврдуваат мерењата на двете контролни точки и во двата погони, каде покажаните вредности се значително пониски од пропишаните. Мерењата се правени во првите шест месеци од годината, од јануари до јуни, во период кога компанијата постојано работеше и имаше производство, се наведува соопштението. Според „Макстил“, на мерната точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е 0,59 милигрми на нормален кубен метар во месец февруари, а највисоката во јуни и изнесува 2,47 милигрми на нормален кубен метар, а пропишаната граничната емисиона вредност е 20 милигрми на нормален кубен метар. - Додека пак емисионите вредности на цврсти честички на мерна точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 милигрми на нормален кубен метар, најниски вредности забележани се во јануари 0,32 милигрми на нормален кубен метар, а во јуни изнесувале 1,92 милигрми на нормален кубен метар, се наведува во соопштението. Од компанијата посочуваат дека во овој период „Макстил“ работел со полн капацитет во двата производни погони, а притоа емисиите биле далеку пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности. - Максималното намалување на емисионите вредности од „Макстил“ е резултат на континуираните инвестиции во високо технолошки процеси за контролирање на производството како и одговорниот однос на компанијата кон заедницата и животната околина, и воедно претставува продолжување на компаниската определба за транспарентност на објавувањето на емисионите вредности, се додава во соопштението. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан