• четврток, 12 декември 2024

Макрон ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат и ќе назначи нов премиер за неколку дена

Макрон ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат и ќе назначи нов премиер за неколку дена

Париз, 5 декември 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва рече дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во 2027 година.

Во телевизиско обраќање вечерва, откако Националното собрание синоќа изгласа недоверба на владата назначена од шефот на државата, а предводена од премиерот Мишел Барние, Макрон ги обвини пратениците од Долниот дом на Парламентот кои изгласаа недоверба на Владата, дека мислат само за претседателските избори.

Францускиот претседател вети дека за неколку дена ќе назначи нов премиер.

„Приоритет за идниот премиер ќе биде донесувањето на буџетот за следната година во форма на посебен закон“, истакна Макрон. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан