• петок, 22 ноември 2024

Макрон против намалување на бројот на француски војници во Сахел

Макрон против намалување на бројот на француски војници во Сахел
Париз, 16 февруари 2021 (МИА) - Франција нема намера веднаш да го намали бројот на војници во рамките на операцијата против џихадистите во Сахел, каде во моментов има 5.100 војници, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
„Несомнено е дека со текот на времето ќе бидат направени значителни промени во нашиот воен систем во Сахел, но тие нема да се случат веднаш“, рече Макрон по дводневниот самит на лидерите на Франција и земјите од Сахелската група - Мали, Нигер, Буркина Фасо и Мавританија и Чад.
Макрон рече дека масовното повлекување на војниците ќе биде грешка и додаде дека на долг рок ќе разговара со партнерите на земјите од Сахел за натамошното присуство на француските војници.
Самитот се одржа во Н'Џамена, додека Макрон учествуваше онлајн од Париз.
Францускиот претседател додаде дека следниот состанок на Сахел Г5 треба да се одржи на пролет. паг/
 

Остани поврзан