• петок, 22 ноември 2024

Макрон: Нема сомнение дека Нова Каледонија е француска територија

Макрон: Нема сомнение дека Нова Каледонија е француска територија

Нумеа, 23 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека нема да дозволи да биде доведен во прашање резултатот од референдумот за независност на прекуморската територија на Нова Каледонија 2021 година, кога граѓаните гласаа островот да остане дел од Франција, иако голем број гласачи останаа воздржани.

Макрон денеска пристигна во Нова Каледонија и најави дека три илјади француски полицајци ќе останат на островот колку што е потребно.

-Во следните часови и денови ќе бидат извршени големи нови операции онаму каде што е потребно, рече Макрон на состанокот со политичките и деловните лидери на островот, нагласувајќи дека редот ќе биде целосно воспоставен бидејќи „нема друг избор“. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан