• понеделник, 23 декември 2024

Макрон најави формирање 238 нови жандармериски бригади

Макрон најави формирање 238 нови жандармериски бригади

Париз, 2 октомври 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави формирање на 238 нови жандармериски бригади во земјата, од кои повеќето ќе бидат прераспоредени на терен во руралните и приградските области.

„Ваквата инвестиција е историска. На луѓето им треба вашето присуство бидејќи тоа смирува, одвраќа и дава поддршка“, рече Макрон за време на посетата на касарната на жандармеријата во југозападна Франција.

Од 238 бригади што ќе се формираат од ноември годинава до 2027 година, 93 ќе бидат фиксни, додека 145 ќе бидат мобилни.

Иако најголемиот дел од деликвентните дела се извршени во најголемите градови, во руралните и приградските области во Франција има многу сексуално и семејно насилство, како и кражби. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан