• петок, 05 декември 2025

Макрон најави нов состанок на „коалицијата на подготвените“ за следната недела

Макрон најави нов состанок на „коалицијата на подготвените“ за следната недела

Тулон, 29 август 2025 (МИА) – Лидерите на околу 30 земји од т.н. „коалиција на подготвените“, кои ѝ ветија на Украина безбедносна поддршка кога ќе се постигне мировен договор со Русија, ќе се состанат следната недела за да разговараат за предлозите што ги изнесоа нивните армии, рече денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

- Началниците на нашите генералштабови завршија многу важна работа од состанокот во Вашингтон, а во последните неколку часа повторно ни овозможија да ги финализираме придонесите на секоја од земјите, рече Макрон на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Тулон.

Според него, нов состанок, на кој некои лидери ќе присуствуваат лично, а други онлајн, ќе се одржи за да се разговара за работата на началниците на генералштабовите во последните неколку дена. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан