• петок, 05 јули 2024

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени
Париз, 25 март 2021 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европските лидери не успеале да препознаат дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат развиени за толку кратко време. Макрон смета дека тоа е причината што ЕУ сега заостанува зад некои други земји во имунизацијата. - Сите експерти зборуваа дека вакцината никогаш во историјата на човештвото не е развиена за помалку од една година, изјави Макрон за грчкиот телевизиски канал ЕРТ. Тој истакна дека пристапот на Унијата е претпазлив и дека тие сметаат дека за вакцина треба многу повеќе време, за разлика од САД, кои веќе во летото 2020 година имаа многу поотворен и поактивен пристап кон развојот на вакцините. Лидерите на Европската унија сега се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата, но заостануваат зад земјите како Велика Британија и САД затоа што се соочуваат со доцнења во снабдувањето. Поради тоа донесена е одлука за натамошно засилување на контролите врз извозот на вакцини против коронавирус и имплементација на систем на реципроцитет. паг/
 

Остани поврзан